Необична статистика

Откако минатата седмица ви претставивме 11 сосема непотребни работи кои морате да ги знаете, оваа недела  ве „возиме“ низ една сосема непотребна, по малку бизарна, но несомнено многу интересна статистика.

  • Секоја минута се испраќаат по 240 милиони мејлови.
  • Во секој момент 2 отсто од светската популација се пијани.
  • 70 отсто од луѓето, веруваат во живот после смртта.
  • Дури 43 проценти од жените редовно глумат оргазам.
  • Најчета крвна група во светот е O+
  • До 2202. година повеќе нема да постојат природни блондинки, а денес тие чинат само 1 процент од светската популација.
  • Најмалку луѓе на светот имаат зелени очи – само 1,5 отсто, и тоа меѓу нив повеќето се жени.
  • Секој ден се случуваат 120.000.000 сексуални односи.
  • Куба и Естонија се земји со најмал број на неписмени.
  • Кога светскиот број на жители би се свел на 100 жители, пропорционално со светските нации, планетата би ја чинеле: 57 Азијати, 21 Европјани, 14 Американци и 8 Африканци. Од нив 52 би биле жени и 48 мажи,  89 хетеросексуалци и 11 хомосексуалци, а 6 лица би поседувале 59 отсто од вкупното светско богатство и сите 6 би биле Американци. Само едно лице би имало компјутер.
  • Доколку се венчате со лице кое во прво време ви било само љубовник, шансите да се разведете се зголемува за 60 проценти.

 

- Реклама -