Необично и емотивно пријателство: Спасил лав од сигурна смрт и го посвоил

Фрики вон Солмс (69) веќе 11 години е најдобар пријател со лавот Зион. Имено, пред 11 години, Фрики морал да го одвои Зион од мајка му, бидејќи неговиот татко сакал да го убие.

Откако го спасил, човекот на своја сметка во Јужна Африка му обезбедил на лавот услови слични на оние во дивината.

Лавот Зион спиел заедно со Фрики во кревет.

Човекот тврди дека Зион е сосема питом лав кој секојдневно се среќава и со други лавови. На ранчот живеат и други животни, кои меѓусебно се дружат. Освен него, Фрики има уште 18 лава, неколку леопарди и гепарди, со кои Зион е постојано во контакт.

Освен што е питом и нежен, Зион е исто така разгален, поради што Фрики во текот на нивната заедничка прошетка ги соблекува чевлите, зашто на лавот не му се допаѓа звукот кој тие го создаваат.

„Ова е единствено искуство. Непроценливо е да се следат сите фази од неговото растење. Луѓето не размислуваат за лавовите на вистинскиот начин, бидејќи не сфаќаат дека тие имаат личност, смисла за хумор и знаат да се смејат. Зион никогаш не нападнал човек и му верувам во целост. Меѓу нас постои силна врска, вели Фрики.

- Реклама -