Облаците кои се наречени „Утринска слава“ се редок метеоролошки феномен кој настанува во Австралија, близу заливот Карпентарија. Се работи за долгнавести облаци кои можат да достигнат и 1000 км должина, а се високи приближно еден километар. Никој до сега со сигурност не знае како и зошто настануваат.

Претпоставките одат во насока дека овие облаци своето постоење им го должат на ветровите кои дуваат на прилично специфичен начин во тој дел од континентот.
Во ретки случаи, ваквите облаци се имаат оформено и на други места на планетава, но како редовна појава, остануваат само во северот на Австралија.
Во градот Бурктаун, во сојузната држава Квинсленд, Австралија, сѐ поголем е напливот на туристи кои со едрилици „јаваат“ на облаците.
Марк Ватсон зборува за „Утринската слава“ (со инсерти од прелети)
{youtube}RAGS3d4i-DE{/youtube}
[Morning Glory cloud]