За љубителите на мотоцикли, еве една колекција на најнеобичните и најекстремните дизајни на две тркала.
За љубителите на мотоцикли, еве една колекција на најнеобичните и најекстремните дизајни на две тркала.
За да изгледа како јагуар во скок, беа потребни професионални компјутерски илустратори и интервенцијата на еден скулптор за да се добие овој уникатен финален резултат. Повеќе.
Дали добрите нешта доаѓаат во мали пакувања? Не и во овој случај! Овој масивен мотоцикл беше направен од Greg Dunham, тежок е речиси 3 тона, висок 4,6 метри и долг 36 метри. Овој огромен дизајн влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем мотор кој може да се вози. Беше потребно 3 години и 300.000 долари за да се направи.
Футуристичкиот концепт за мотоцикл двокрилец беше претставен во 2007 во Токио. Заради дизајнот инспириран од авионите возачот на овој мотоцикл треба да се чувствува како да лета со двокрилец. Повеќе.
Овој мотоцикл направен од поранешниот германски инженер Франц Лангер, влезе во Гинисовата книга за рекорди како најголем мотоцикл со мотор од еден цилиндар.
На трагачите по авантура ќе им се допадне овој модел на летечки мотоцикл наречен Super Sky Cycle кој може да се движи со брзина од 70 метри/час во воздух, и 60 метри/час на копно. Цената? Околку 25.000 долари.
Овој необичен модел е всушност Honda Goldwing мотоцикл модифициран така за да изгледа како борбен авион F15. Кој би помислил? Повеќе.
Овој моноцикл за прв пат се појави во 2008 на Националното шоу за мотоцикли во Торонто. Беше конструиран од 18-годишниот Ben J. Poss Gulak, кој исто така му додаде и некои интересни можности, како електричен погон и движења контролирани од телото.
Првиот мотоцикл беше направен во 1885 во Штутгард, Германија. Беше дизајниран и конструиран од германските пронаоѓачи Gottlieb Daimler и Wilhelm Maybach. Ова беше и првото возило со погон на нафта.
The Smart Chopper беше претставен пред неколку месеци од страна на Siemens. Се полни 5 часа во приклучок од 110 волти, но може да се полни и пократко ако се приклучи на поголема волтажа, велат произведувачите. The Smart Chopper ќе има турнеја следнета година, со цел да промовира штедлива и зелена технологија.
Ова е дефинитивно модел за оние кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Моделот беше претставен на релито во Северна Дакота каде се собираат на едно место моторџии ентузијасти за да ги покажаат најчудните дизајни на мотори.