Необични американски колачиња

Американските колачиња секогаш се добра идеја за слатка закуска. Достапни се во маркетите, за среќа. Но, на поголема Ваша среќа истите се доста достапни и според цена и подготовка, да ги направите дома. Следете ги чекорите и фотографиите во прилог.

  • 2 и 3/4 шолји сенаменско брашно
  • 1 и 1/4 лажици сол
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1 лажица сода
  • 2 и 1/2 лажици маргарин
  • 1 и 1/4 шолји кафен шеќер
  • 3/4 шолја шеќер во гранули
  • 2 јајца
  • 1 лажица ванила екстакт
  • 1 и 1/2 шолји чоколадни мали коцки

Заедно ставете го брашното, солта, пецивото и содата. Загрејте ја рерната на 250 степени. Маргаринот и шеќерите измиксирајте ги заедно, околу 3-4 минути. Додадете ги јајцата и ванилата. На оваа смеса додајте ја предходната и додајте ја чоколадата. Формирајте топчиња од смесата и поставете ги во плех за печење, откако малку ќе ги притиснете. Печете додека не добијат златна боја на краевите, околу 15 минути.
* За поголем ефект, додадете боја за готвење во смесата. Или M&M чоколадни бомбони.

2 3 4 5

- Реклама -