Немате идеја? Подарете пари наместо подарок, ама на најоригинален начин!

Свадба, роденден или друг повод за подарок, а вие немате идеја.

Наместо да купувате нешто само за да не бидете со празни раце – нешто за кое не сте сигурни дека ќе го израдува славеникот, подобрата опција е да подарите пари, се разбира, во рамките на вашите можности. Но, кај подарувањето пари има неколку проблеми:

– Можете да бидете лошо сфатени, како да не сте сакале да вложите труд, што пак наведува на тоа дека не ви е драга личноста

– Нема да оставите впечаток. Никој нема да запомни што купил со парите што ги добил од вас на подарок, ниту пак колкава сума сте подариле (освен ако не надминува 4 цифри).

Следниов оригами-трик е решението што го барате. Не само што вашиот „подарок“ ќе му овозможи на славеникот да си купи дар по желба, туку веројатно ќе биде и еден од најоригиналните и најзапаметените што некогаш го добиле. Еве како се прави:

- Реклама -