Авиокомпанијата ќе ги зголеми летовите на релацијата Скопје – Дортмунд. Во ноември и декември ќе се реализираат шест летови неделно, додека околу Нова година ќе има летови секој ден до оваа дестинација.
Со започнувањето на зимскиот распоред на летање, авиокомпанијата „Визер“ од вчера укина три авиолинии од Скопскиот аеродром – нема да има летови кон Келн, Копенхаген и Стокхолм. Причината за укинување на летот кон Келн се високите трошоци за услуги наложени од страна на германските власти.
Сепак, авиокомпанијата ќе продолжи да ги зголемува летовите кон Дортмунд. За патниците кон Шведска, авиокомпанијата ќе ги реализира летовите до аеродромот во Малме.