Во понеделникот, на 7 март, градоначалникот на Њујорк – Бил де Бласио, ја потпиша извршната наредба со која се вели дека пристапот до тоалетите – во бањите, соблекувалните, базените, канцелариите, парковите, рекреативните центри и некои музеи – кои се под капата на градот, не смее да биде дискриминиран по основа на пол или род.
Жителите и посетителите на Њујорк ќе можат да ги користат тоалетите во согласност со сопствената смисла за родовиот идентитет, а не според полот. ЛГБТ популацијата, кој во Њујорк има околу 25.000 членови, смета дека овој потег ќе придонесе за унапредување на нивните права.
Одлуката во пракса значи дека трансродовите луѓе кои се чувствуваат како жена, иако по пол се мажи, ќе можат да влезат во кабините за мажи, и обратно.
Одлуката стапи на сила во моментот на потпишувањето.