Сексот продава – тоа е старата добра маркетинг школа. Оваа практика наидува на уште поголема популарност откако жените добија статус на секс објекти во маркетинг индустријата.
Tака повеќе не е буквално сексот она кое што продава, туку женската сексуалност и голотијата која често ги поминува границите на добриот вкус. Вака се раѓа проблемот со сексизмот кој е еден од главните преокупации на феминистичките движења денес.
Проектот на Сара Зелински, студентка од Канада ја претставува алтернативната гледна точка – мажот како сексуален објект.
Сексизмот во рекламите е тема која одамна е позната, но на која не и се обрнува доволно внимание. Сексизмот продава, но освен производот, продава и претстави, искривени сфаќања и модели на размислување, кои се одразуваат подоцна врз општеството.
Што ќе се случи ако сексизмот се насочи во спротивна насока?
Во проектот Сара пресоздава веќе постоечки реклами, менувајќи ги улогите на мажите и жените. Резултатот е забавен, но поттикнува и бројни прашања.
Погледнете го целото истражување за рекламите денес.