Нема кој не сака Кока Кола, затоа Амди ќе биде кандидат за претседател

Сојузот на ромите ќе го кандидира Амди Бајрам за претседател на Македонија, објавено е денес на Фејсбук профилот на Аднан Мемеди, кој е дел од Централниот одбор на партијата, пренесува „Скопје1“.

„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата.

Во меѓувреме, Амди со изјава за „Фокус“. Вели дека ќе мора да ја послуша одлуката на партијата.

„Се кандидирам за да победам, а дали ќе победам ќе каже народот. Јас само можам да кажам дека Кока Колата ја пијат сите граѓани“, изјавил Бајрам за „Фокус“.

Ќе значи ли кандидатурата на Бајрам дека конечно ќе научи кое е новото име на државата на која ќе претендира да биде претседател? Само времето ќе покаже.

- Реклама -