Адријана Лима за прв пат се појави во кампања на „Версаче“, а промотивната фотографија веќе ја запали јавноста, бидејќи преубавиот ангел на Викториа Сикрет се држи за градите.
Адријана сјае во новата кампања на „Версаче“, но само една фотографија предизвика вистински бум!
Со добропознатиот заводлив поглед и во црн тесен фустан, Адријана нежно се допира за своите гради. Ок, ако сакала да стави акцент на накитот, можеби малку згрешила, бидејќи сите зборуваат за допирот, а никој за модниот додаток во вид на прстен.