Како што соопшти денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупција – Билјана Ивановска, Комисијата добила нецелосни информации од страна на ЕЛЕМ за конкретниот случај на вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието – Талат Џафери.
Таа појасни дека не е спорна стручноста на ќерката на Џафери – завршила Правен факултет, магистрирала со 10-ка и поседува правосуден испит; но останува непознато по кој критериум е избрана на конкурсот за вработување, ниту пак ДКСК добила информации за останатите кандидати кои биле пријавени на конкурсот.
Што се однесува до останатите 18-те предмети за судир на интереси кои ДКСК ги отвори на 18 јануари, одговарајќи на новинарско прашање, Ивановска посочи дека два од нив се затворени. Прочитајте на „Либертас“.