Бијонсе, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез… дивите ја покажаа својата магија на МЕТ Гала вечерта.
Иако Ријана за црвениот тепих одбрала раскошна жолта креација која ги покри скалите на музејот, „after party“ забавата помина во лежерен тон.
Лошата поп девојка секогаш била храбра и ризична во своите модни комбинации. Така на забавата носеше проѕирна црна маица која ги откри нејзините голи гради- Рири и онака не сака да носи градници, за среќа на сите мажи кои се најдоа во нејзина близина.