Некои славни личности биле толку љубопитни што ја изгубиле невиноста на 13 години, а други пак ја чекале првата брачна ноќ.
Анџелина Џоли, Џони Деп, Томи Ли и Кели Озборн се само некои од славните кои ја изгубиле невиноста на 13 години, додека некои, како Адриана Лима и Џесика Симпсон се чувале за првата брачна ноќ.
Анџелина Џоли ја изгубила невиноста на само 13 години, но признала дека првиот пат не чувствувала ништо кон нејзиниот партнер. И Џони Деп имал 13 години кога го стекнал првото сексуално искуство и тоа во автомобил.
http://youtu.be/zWT9LKsYobs
Првата жена со која спиел била „групи“, а го направил тоа додека бил на турнеја со бендот The Flame. Ништо подобар не бил ни Томи Ли кој невиноста ја изгубил со пријателка на сестра му.
13 бил среќен број и за Кели Озборн. „Бев сигурна дека останав бремена иако ја немав ниту првата менструација“, открила пејачката.
Клое Кардашијан открила дека на 14 години ја изгубила невиноста и тоа со маж кој вешто ја манипулирал.
Нешто подоцна, на 15 години невиноста ја изгубила Парис Хилтон. И Метју МекКонахи имал толку години кога го имал првиот секс.
Меган Фокс за Космополитен изјавила дека прв пат со момчето спиела кога имала 17 години додавајќи дека тогаш била многу вљубена.
Актерката Брук Шилдс ја изгубила невиноста на 22 години, а денес вели дека жали затоа што чекала толку долго.
Адриана Лима вели дека прв пат била со маж на 27 години односно на првата брачна ноќ со Марко Јариќ. За првата брачна ноќ наводно се чувала и Џесика Симпсон, а за првото сексуално искуство вели дека било како од бајките.