„НЕМА АИР ОД ДЕВЕ БАИР“

Пишува Горан Михајловски, за „САКАМДАКАЖАМ.мк“

Што бараше Заев во Бугарија, кога ден претходно од Софија му кажаа дека немаат намера да го тргнат ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ? Му рекоа „не доаѓај“, а тој рано-рано се спотера да гледа фудбал заедно со бугарскиот премиер Стефан Јанев. Дека тие ќе навивале за Македонија, а таму 70 отсто од населението изјавува дека не сакаат да нè видат и го поддржуваат ветото. Па уште и љубезен, љубезен, им дал и предлози за решавање на спорот во кој барањата им се тотално бесмислени. Им ја легитимира бесмисленоста.

Со Грците барем бевме начисто. Тие не се расфрлаа со лицемерна слаткоречивост од типот на „најблиски пријатели“, „браќа, сестри“, како што се изразува Бојко Борисов. Што си мислат за нас? Па тој го стави ветото. Тој им дозволи на Екатерина Захариева и на Красимир Каракачанов да се изживуваат врз нас. Тој направи проблем, а сега се фали дека ќе го реши. Со Заев се договориле дека ќе било грев ако дозволеле да ни се мразат луѓето од двете страни на границата.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

А таман сè фино си беше тргнато до пред три-четири години. Со ветото, Бугарите создадоа четврта генерација омраза.

Моите баби и дедовци се родени кон крајот на 19. почеток на 20. век. Ги паметеа и Балканските и Првата светска војна. Бугарската војска не ја паметеа по арно… Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -