„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши”, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства
Ваквта инфорамција беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.
Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.
Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.
„Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло.” – вели сведокот за БТВ.
Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.