Неколку ваши секс тајни што таа задолжително ќе им ги каже на другарките

Колку и да делуваат наивно, жените во друштво често зборуваат за она што ви се случува во креветот. За разлика од мажите, кои воглавно се фалат, жените знаат и да се пошегуваат.

Бидна или не бидна?
Новиот партнер е омилена тема за споделување – почнувајќи од неговиот физички изглед, маани и доблести. А кога се работи за сексот, најголемиот дел од жените задолжително ќе ги известат пријателките дали нешто се случило или не.

Конечно!
Жените се свесни за фактот дека за добар секс потребно е и малку да се „уходаат“ со новиот партнер пред да се опуштат и почнат да ги признаваат скриените желби и она што им одговара или не им одговара. Затоа, првиот оргазам со некој нов, особено ако е долго очекуван, е многу важна вест.

Баш ми се сака
Мажите ретко ќе се пожалат дека поминало долго време од последниот секс, но жените речиси сигурно ќе си ја спомнат маката, шегувајќи се на свој начин.

Тој е толку лош
Постојат моменти кога партнерот навистина се труди или копира некои од потезите што ги видел во порно филмовите. Во некои од тие моменти, не го постигнува ефектот што го посакувал. Тоа е честа тема на разговор со пријателките. „Подобро е целосно да ја прескокне предиграта“ или “кој го лажел дека тоа го сакаат жените“ се чести коментари во женските друштва, на кои обично ќе се надоврзат и останатите пријателки, раскажувајќи за своите маки.

Морам да ви се пофалам
Жените (особено?) не се имуни на повременото самофалење, па веднаш ќе го пренесат комплиментот што го добиле во креветот, особено ако се однесува на нешто што таа најдобро го прави или дека е најдобра од сите со кои тој бил.

Неговите гениталии не спаѓаат во просекот
Поголем од просекот, помал, обрежан, триковите кои ги прави – сé се тоа теми кои веднаш ќе бидат отворени ако се испие малку повеќе алкохол.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Дали го прават и другите?
Ако се сомневаат дека она што го прават во креветот со партнерот е перверзно или поинакво од она што го прават останатите парови, нема подобар начин за тоа да се провери отколку да ги прашаат пријателките дали го прават истото.

Неговите перверзии
…Омилена тема на исмевање на новиот партнер со кој сексот веројатно нема да се повтори. Во оваа категорија спаѓаат приказните во кои партнерот побарал да уринира врз неа, викал „мама“ за време на сексот, квичел како прасе и слични.

Сака да остане трудна
Кога станува збор за желба за бебе, совети за најдобрата поза, пресметување на плодните денови, овулација и разговори за тоа колку чест е сексот, другарките се вистински експерти и се првиот избор кога сакате да се консултирате.

Не сака да остане трудна
Незаштитениот однос, сметањето на плодните денови (пак), исчекувањето на менструацијата, тумачењето на симптомите и итната контрацепција, исто така одат на разгледување пред женскиот комитет, пред да му бидат презентирани на партнерот.

Срамови
Бидете сигурни дека вие двајца не сте единствените што знаете за срамните ситуации што ви се случиле. „Ни влетаа неговите“, „не фати полиција на Водно“, „се лизна и падна од креветот“ и сличните приказни се едноставно премногу добри за само двајца да ги знаат.

Сексот е катастрофален
Сексот кој трае 30 секунди, но и сексот кој трае 3 часа – а таа постојано се прашува „уште колку ли ќе трае?“… Поплаките сигурно ќе стигнат до пријателките, кои пак несомнено ќе сочувствуваат со несреќната.

Их, со него? Одма!
Згоден комшија, маркантен шеф, заводнички расположен келнер во локалното кафуле – таа без проблем ќе им признае на другарките дека би го легнала без око да и трепне.

Необичности
Необичните болки, необичната редовност на циклусот, пецкање, чешање и инфекции – пријателките секогаш имаат утеха, совети и искуство.

- Реклама -