Можеби не се неопходни, но дефинитивно се потребни на секоја девојка овие совети и идеи за решавање на проблеметите со косата кои се јавуваат во текот на летото.
1. Направете лесна и симпатична фризура со врзување на венче со ластик. Пуштената коса само виткајте ја навнатре околу венчето и крајот зацвртете го со шноли. од оваа фризура ќе добиете одлична брановита коса.
2. Дупли дански плетенки. Поделете ја косата на половина и направете дански плетенки, а краевите вметнете ги под истите.
Ако сакате да ја држите косата подалеку од лицето
3. Наместо венчињата кои ја стегаат главата, употребете флексибилна марама со која ќе ја држите вашата коса подалеку од лицето.
Ако имате разбушавена и „немирна“ коса
4. Прочитајте ја етикетата на вашиот шампон. На вашите продукти за коса како шампон, кондиционер, балзам, спреј, маска важно е да ги најдете овие описи на нивната ектикета: хидрантни, анти-влага, без сулфат, УВ заштита и без алкохол.
Косата станува бушава кога многу сувата коса ја апсорбира влагата од воздухот, што предизвикува влакната да се разлетаат и кутикулите да се дигнат. Ако вашата коса е правилно хидратирана ќе апсорбира помалку влага од воздугот.
Исто така, избегнувајте производи како спреј за коса или пени кои содржат високо ниво на алкохол, кој ја црпи целата влажност на вашата коса, и изберете шампони без сулфат, бидејќи се поблаги. И не заборавајте УВ заштита.
5. Користете маица наместо пешкир за сушење на косата. Пешкирите вадат премногу влажност од вашата коса, што ја прави бушава, но со помазна крпа или памучна маица ќе се отстани вишокот вода и ќе ја остави вашата коса мазна.
6. Прифатете ја разбушавената коса и направете го најдоброто од неа. Соберете ја косата назад во пунџа или реп, и извадете неколку прамени околу вашето лице за „несреден“ изглед.
7. Измијте ја косата со сода бикарбона измешана со вода по пливањето во базен, за да се избегне оштетување на бојата од хлорот.
Ако вашата коса станува сува и кршлива
8. Нанесете кондиционер од врвовите на вашата коса до средината на влакното пред да излезете надвор. Кондиционерот е добар за хидратација и од топлината надвор ќе помогне да се задржи дополнителна влажност.
9. Ако вашиот скалп лесно гори, ставете малку заштитна крема во шише со среј и додадете вода, а потоа нанесете на косата.
10. Со пудра во прав со заштитен фактор ќе го заштитите коренот на косата од пребрзо мрсење од лосионот за сонце.