Неколку сигурни сигнали дека таа сака секс со вас

Некои мажи лесно ги читаат, а на некои им е потребна малку помош. Тоа што жените обично бираат да бидат посуптилни дополнително ја компликува работата. Па, еве неколку сигнали што се нејзин начин да ве покани во креветот:

„СЕ ЧУВСТВУВАМ ПРИЈАТНО ВО ТВОЕ ДРУШТВО“

Секс-експертот Ванеса Марин открива дека оваа и сличните фрази претставуваат сигнал дека девојката почнува да размислува за секс. Пред да се впуштат во љубовна акција, жените имаат потреба да почувствуваат сигурност и да ви веруваат. Ако ви го каже горенаведеното на крајот на средбата, предложете и следниот состанок да го поминете со пијачка кај вас или кај неа дома, а кога тоа ќе се случи, не заборавајте да спомнете дека и вие се чувствувате пријатно во нејзино друштво. Така имате добри шанси да го продлабочите разговорот кој може да се покаже како зелено светло за спалната соба.

flirting-signs2[1]

НАСТОЈУВА ДА ПРЕНОЌИТЕ

Ако не ве сака во нејзиниот стан, нема ни да бидете таму. Ако излегувате веќе некое време и таа чувствува дека можете да поминете на „повисоко ниво“, веројатно ќе ве покани кај неа дома на вечера. Сепак, не влетувајте со преголема сигурност. Чекајте таа да го направи следниот чекор (а ќе го направи). Имајте во предвид дека најголем дел од девојките сакаат првиот секс да го имате во нејзиниот стан, бидејќи таму е поопуштена. Паралелно, ќе ја искористи приликата да провери како се снаоѓате на гостински терен, особено нејзин.

Smiling beautiful blond woman flirting

ЧЕСТО ВЕ ДОПИРА

„На вечера или при прошетката, девојката која се заљубува во вас нема да може да ги задржи рацете подалеку од вашето тело“, вели Марин. Физичкиот контакт покажува дека таа е силно заинтересирана за вас и дека можеби е спремна за да ве повика како партнер во креветот. Најдоброто што можете да го направите е да возвратите со сличен гест: фатете ја зарака, спонтано бакнете ја и кажете и колку сте луди по неа.

girl-flirting

ЉУБОПИТНА Е ЗА ВАШЕТО СЕКСУАЛНО МИНАТО

Кога е спремна за секс, најверојатно ќе почне да ве испитува колку сексуални партнерки сте смениле во последно време. Не е препорачливо длабоко да ѕиркате во сексуалното минато на едниот или другиот, но добро е да се знаат важните поединости, пред се од здравствени причини, како и да проверите дали сакате заедно да одите на тестирање. Ваквиот разговор инициран од нејзина страна може да ви се чини непријатен и досаден, но тоа е еден од скриените сигнали дека девојката сериозно размислува за вас како сексуален партнер. Ако и самите сте заинтересирани за врска, нема штета ако и самите ја начнете темата – тоа ќе и покаже дека вашите намери се сериозни, а таа ќе се почувствува попријатно и поспокојно по разговорот.

url

НЕПРИСТОЈНИ РАЗГОВОРИ

Многу од девојките, кога се спремни за секс, почнуваат безобразни препирки и разговори со дечкото. Кога таа ве предизвикува на „dirty“ разговор, значи дека ве тестира и сака да види како ќе реагирате, и пред се, дали ќе продолжите со играта.

flirting-couple[1]

ОДЛУЧНО „ДА“

Сериозно, зарем има потреба било што да се образложува?

- Реклама -