Секој сонува, и тоа баш секоја ноќ, а за соништата знаеме толку малку. Што ги предизвикува соништата? Можат ли тие да се контролираат и како треба да ги толкуваме?
Спиењето може да помогне при учење
Доколку напорно учите за испит, задолжително отспијте попладне. Тоа сигурно повеќе ќе ви помогне отколку цела ноќ да ја поминете будни, а има и сосема логично објаснување. Имено, спиењето и сонувањето му помагаат на мозокот, па така тој полесно интегрира и разбира нови информации. Спиењето и сонувањето помагаат при учењето и бараат начини за решавање на проблемите. Доколку сакате да го подобрите квалитетот на вашиот сон, избегнувајте бучава во собата во која спиете, како на пример онаа што ја произведува телевизорот, бидејќи тоа негативно влијае на должината и на квалитетот на соништата.
И жените можат да доживеат оргазам во сон
Жените во текот на сонот доживуваат оргазми исто како и мажите. Таквите оргазми често се предизвикани со еротски влажни соништа. Додека жените спијат, неретко се случува да се возбудат. Тоа се случува во текот на РЕМ фазата од сонот која се повторува неколку пати во ноќта. Сличното им се случува и на мажите. Имено, тие исто така доживуваат ерекции за време на РЕМ фазата без оглед на тоа дали сонуваат еротски соништа.
Најчестиот сон е дека сопругот ве изневерува
Ако некогаш сте се разбудиле облиени со ладна пот откако сте сонувале дека партнерот ве изневерува со најдобрата пријателка, не сте единствени. Според експертите за соништа, изневерувањето е ноќен кошмар кој ги прогонува поголемиот дел од луѓето. Таквите соништа ретко имаат врска со реалноста, а факт е дека најголемиот број од луѓето се плашат дека ќе бидат оставени сами, или, пак, ќе бидат жртви на неправда.
За да сонувате не мора да спиете
Можете да сонувате и на работно место, и во автомобилот. Сонувањето во будна состојба не треба да го мешате со месечарењето, а да сонувате додека не спиете е мошне едноставно. Првиот чекор е да се присетите на сонот кој сте го сонувале последен пат, по можност некој убав. Пронајдете мирно место, присетете се на сонот и пуштете го да се развива понатаму. Будното сонување може да биде одличен начин на опуштање, а исто така може да ви помогне да си разјасните некој необичен сон. Будното сонување помага во интеракција помеѓу несвесните и будните делови на умот.
Во една ноќ можете да сонувате десетици соништа
Во текот на ноќта ретко сонувате само еден сон, најчесто сонувате десетици. Меѓутоа, тоа ви звучи неверојатно затоа што наутро не се сеќавате речиси на ниеден од нив. Во текот на ноќта сонуваме отприлика секои 90 минути, а секој циклус сонување е подолг од минатиот. Првиот сон најчесто е долг околу пет минути, додека последниот сон кој го сонуваме пред да се разбудиме може да трае и до 45 минути. Во животот, просечен поединец сонува околу 100.000 соништа.
И откако ќе се разбудите можете да останете „заробен“ во сонот
Дали ви се случило некогаш да се разбудите од некој пре4красен сон, па одма посакувате повторно да заспиете и да продолжите да сонувате? Според зборовите на експертите, тоа е итекако возможно. Имено, кога ќе се разбудите од убавиот сон и не сакате да се вратите во реалноста, останете мирно да лежите и ги помрднувајте мускулите. На тој начин ќе останете во полусон неколку минути и уште малку ќе уживате. Најдобар начин да ги запомните соништата е да останете мирни по будењето. Кога ќе се разбудите, немојте веднаш да се истегнувате, туку останете во таа позиција. Кога ќе се мрднете, автоматски ќе се „одлепите“ од сонот кој сте го сонувале.
Дури и најбизарните соништа можат да се протолкуваат
Иако е можеби тешко за верување дека откачениот сон за професорката од факултет, за циркузот или за снежното невреме имаат врска со реалноста, секој сон во себе крие симболика и значење кое е потенцијално поврзано со реалниот живот, само треба да го пронајдете. Значењето на соништата најчесто се однесува на работи кои треба да ги сфатите за самите себе или за светот околу вас. Наместо да размислувате околу толкувањето на необичните соништа, подобро размислете какви чувства предизвикал сонот кај вас. Често значењето на чудните соништа не успевате да го откриете поради необичните компоненти кои ги содржи, но најважно е што чувствувате по нив.
Сонот кој се повторува може да биде знак од потсвеста
Ве мачи кошмар кој се повторува неколку ноќи по ред? Експертите сугерираат да се обидете да ги принајдете скриените пораки во тие соништа за да можете да ги откачите засекогаш. На пример, многу честа ноќна мора е онаа поврзана со губењето на некој близок или со паѓањето заби. За да го сфатите тој сан, размислете за тоа што претставуваат вашите заби. Во соништата, забите, како и кој било друг дел од вашата уста, може да бидат симбол за зборови. Кошмарите со забите можат да бидат знак дека вашата потвест ви порачува да обратите повеќе внимание на она што го зборувате.
Соништата можат да се контролираат
Идејата дека вашите соништа можете да ги контролирате, а исто така и да контролирате она што ќе сонувате, се чини како холивудски сон. Но, според резултатите од ново истражување во кое биле дел три илјади луѓе, соништата навистина можат да се контролираат. 64,9 отсто од испитаниците потврдиле дека сонувале во сон, а 34 отсто одговориле дека можат да ги контролираат своите соништа. Меѓутоа, вештината на контролирање на сонот ја нема секој, но добра вест е дека таа може да се развие. Техниката на контролирање на сопствените соништа особено е корисна за луѓето кои патат од кошмари. Кога во сонот ќе станете свесни дека тоа е само сон, не само што ќе можете да го прекинете грозниот сон со чудовиштата, туку ќе можете и веднаш да започнете да сонувате за Бред Пит, а воедно, во иднина ќе бидете способни да ги избегнувате кошмарите.