Темата за сексот кај девојчињата е поконтроверзна и малку посложена отколку кај момчињата и едвај некој ќе го негира тоа.
Опасноста од насилство, рана бременост , ризикот да останат трауматизирани – како физички така и психички, морето од лажни информација, глупавите стереотипи и жестоки искушенија – сето тоа се наоѓа во главите на младите дами и тлее како тежок товар.
Оваа тема не смее да остане табу, зашто на тој начин ќе дозволите вашите деца или најблиски да се стекнат со лошо искуство, или во најмала рака – да не знаат што треба да очекуваат.
Останува само да се надеваме дека следната генерација на девојки ќе бидат малку пообразовани во областа на сексуалното воспитување и конечно власта ќе се сети дека е неопходна потребата од сексуално образовани во основните училишта.
Дотогаш, ако имате девојче, нужно научете го на следниве работи за сексот. Оваа мајка на девојче, ветува дека ќе и ги каже на својата ќерка.
1. Не се плаши од сексот.
2. Ако сепак се плашиш, тоа е нормално.
3. Не верувај во она што ти го зборуваат момчињата за сексот. Ти не знаеш ништо за нивните мотиви, обиди и убедувања.
4. Не им верувај на девојките и она што тие ти го велат за сексот. Ти не знаеш ништо за нивните мотиви, убедувања и потреби. Изгради си самата став на оваа тема.
5. Верувај им на родителите и специјализираната литература. Немој да прашуваш по форуми, прашај ме мене без никаков срам.
6. Учи за сексот. Читај медицинска и уметничка литература, заинтересирај се за сексуалното образование и воспитување во другите култури. Колку посеопфатни ќе бидат твоите знаења, толку ќе успееш да создадеш пообјективно и правилно мислење.
7. Задолжително поставувај прашања. Ако се срамиш многу од мене, ќе отидеме на гинеколог и психолог, па слободно побарај ги сите одговори.
8. Не постои вистинска бојка на сексуални партнери. Нека бидат малку – не толку поради туѓите предрасуди, колку поради здравјето и довербата.
9. Ти не си должна да чекаш до бракот.
10. Ти имаш право да чекаш до бракот. Тоа е целосно твое право и никој не може да му влијае.
11. Најсоодветно време за првиот пат е тогаш кога ти ќе почувствуваш дека тоа е вистинското време.
12. Ако на крајот се покаже дека ова било несоодветното време или со погрешен човек – сè е во ред. Никој нема право да те суди за тоа. Следниот пат направи го тоа со оној кој навистина те заслужил.
13. Размислувај.
14. Да сакаш и потоа да се предомислиш – тоа е исто така нормално.
15. Никој нема право да те принудува да правиш нешто што не сакаш.
16. Најубаво е да имаш секс со некој што те сака, а не само да те посакува.
17. Тоа е твое тело, само ти одлучуваш за него.
18. Сакаш секс и внимание – тоа е нормално.
19. Твојата самооценка и самопочит не треба да зависат од количината на секс.
20. Доколку некој ти се закани дека нема да биде со тебе во врска, ако не добие секс, откачи го, веднаш!
21. Не ја користи својата полова припадност, за да повредуваш некого емоционално, физички или материјално (не се оријентирај кон шовинизмот или феминизмот, туку едноставно однесувај се кон другите со почит). Ако ги почитуваш нив и тие ќе те почитуваат тебе.
22. Твоите желби и визии за сексот се само твои. Не и ги наметнувај на околината.
23. Не дозволувај другите да ти го наметнуваат своето мислење и да манифестираат непочитување кон твојот избор.
24. Да имаш секс порано отколку твоите врсници, е нормално.
25. Да имаш секс подоцна отколку твоите врсници, е нормално.
26. Запознај се со своето сексуално задоволство пред да го запознаеш партнерот.
27. Мастурбацијата е нормална.
28. Недостатокот на мастурбација – тоа не е нормално.
29. Можете да експериментирате.
30. На прво место секогаш треба да е твојата лична безбедност.
31. Жените не се виновни за сексуалното насилство. Не дозволувај никому да те убеди во спротивното.
32. Ако некој те повреди или навреди- запамети дека има и луѓе кои сакаат да ти помогнат. Ти не си сама.
33. Понекогаш сексот е добар.
34. Понекогаш сексот е ужасен.
35. Понекогаш сексот е неочекуван.
36. Изразувај одговорност за својот избор, за она што го правите и особено за своите грешки.
37. Сексот може да се искористи за да те понижи.
38. Сексот може да ти помогне да се откриеш, да се почувствуваш посакувана.
39. Не постојат такви околности, при кој што треба да направиш во кревет нешто, само затоа што те замолиле.
40. Сексот е взаемен однос. Не смееш да останеш со некој кој не е заинтересиран за твоето задоволство.
41. Никогаш, буквално никогаш не дозволувај партнерот да те снима или фотографира гола или за време на чинот.
42. Придобивките од контрацепција се многу. Заштити се од болести. Кога спиеш со некој, ти спиеш и со сите негови поранешни љубовници.
43. Ќе имаш подобар секс, ако се научиш да ги градиш односите со партнерот.
44. Ќе имаш подобар секс, ако знаеш повеќе за половото воспитание.
45. Не си должна да раскажуваш за својот сексуален живот на кого и да било.
46. Ако сакаш да разговараш за сексуалниот живот – тоа е нормално.
47. Не го споредувај сексуалниот живот со искуствата на другите луѓе. Во секој случај нема “точен” или “погрешен” пат.
48. Не завидувај за сексуалниот живот на другите луѓе.
49. Понекогаш сексот е едноставно прекрасен!
50. Сексот е одговорност. Не заборавај дека резултатот од него може да биде како позитивен, така и негативен. Прифати ја својата одлука.
51. Постави граници.
52. Научи се однапред јавно да зборуваш за своите.
53. Запознај се себе си како човек, кои се самоидентификува како личност и запомни дека ова нема никаква врска со твојата сексуална припадност.
54. Прифати се себе онаква каква што си.
56. Прифаќам дека растеш и те сакам.