Пред да станат тинејџери, децата би требало да усвојат неколку важни животни лекции. Погледнете што е она што еден родител треба секојдневно да му го говори на свето 11 годишно дете.
Шенон Ралф е мајка на момче кое моментално се наоѓа во специфичниот период на растење, кога се уште не е тинејџер, но чувствува дека му се случуваат големи промени.
Поради тоа, Шенон започнала да размислува за тоа каков тинејџер би сакала да стане тој за неколку години, па се одлучила да му пренесе десет важни животни лекции кои ќе му користат во иднина.
Еве што му говори оваа мајка секојдневно на својот син:
Љубезноста е моќ, а не слабост
Не е „машки“ да бидеш груб. Премногу често ја потценуваме моќта на љубезноста, која може да го промени светот на подобро.
Телото на девојките им припаѓа само на нив
Немаш право на него, без оглед на тоа колку долго се забавувате. Таа е онаа која што одлучува за своето тело, како што ти одлучуваш за твоето.
Истражувај ги своите чувства
Користи ги своите зборови. Нашите општи чувства и размислувања се она што не прави луѓе.
Готви, чисти и пери ја својата облека
Секој човек би требало да биде во состојба да си зготви нешто вкусно ( или, во најмала рака, јадливо), па исчисти зад себе и измиј ја својата облека.
Кажувај „молам“, „благодарам“ и „извини“
Манирите се важни дури и во овој модерен свет. Благодарение на нив, ќе се издвоиш од толпата на училиште, на работа и во сите идни односи.
Не им верувај на сите
Истовремено, немој да веруваш никому. Луѓето треба да ја заслужат твојата доверба.
Верувај во себе
Знам дека си паметен и знам дека си талентиран. Имаш се што е потребно да ги оствариш своите соништа. Само верувај во себе.
Не им ги опишувај на пријателите своите љубовни потфати
Тоа е непочитување. Тоа е непристојно, Твоите пријатели не мораат да бидат запознаени со интимни детали.
Немој да ги исмејуваш другите
Знаеш дека јас сум љубител на духовитоста и сарказмот. Но, тоа е е секогаш правилен начин да разговараш со луѓето.
Истражи го светот
Излези. Погледни нови нешта. Истражувај. Отвори нови хоризонти. Стави ранец и патувај низ Европа, Африка, Азија….