Неколку причини зошто жените сакаат мажи со пивско стомаче

 

Секоја девојка ќе забележи момче со совршено извајано тело, но кога станува збор за зрела врска, жените не се заморуваат премногу околу тоа дали нивниот партнер има стомачни мускули или е опседнат со своето торзо.

Еве зошто жените сакаат обични мажи со пивско стомаче…

1. Немаат притисок

Со покрупен маж покрај себе, никогаш немаат грижа на совест затоа што имаат некој килограм плус. Жените обожаваат мажи кои не се опседнати со себе и знаат дека ни тој нема да го очекува истото од нив.

2. Се чувствуваат подобро во своја кожа

Не мора да се измачуваат со размислување дали се доволно згодни за него. Ако се задоволни од себе, свесни се дека и тој ќе биде задоволен од нив.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

 

3. Галењето е многу позабавно

Кога тој ги прегрнува се чувствуваат мали, нежни и заштитени.

4. Знае да се забавува

Покрупните мажи се многу поопуштени од мажите со плочки, бидејќи не бројат калории и минути поминати во теретана. Знаат да уживаат во јадењето без да се казнуваат.

- Реклама -