Неколку причини зошто европските бизниси би вработиле мигранти

Migrants from Africa, Afghanistan and Syria queue for an evening meal at the Jules Ferry day center in Calais, France, April 29, 2015. African migrants, principally from Eritrea and Sudan,  gather in this northern French port city after they travelled from the Mediterranean northwards in the hopes of crossing the English Channel and seeking asylum in Britain. After up to 900 people drowned trying to reach Europe from Libya last week, EU leaders tripled a naval search mission in the Mediterranean to try to prevent record numbers of people drowning as they try to flee war and poverty in the Middle East and Africa.  REUTERS/Pascal Rossignol   - RTX1AVJD

Само во 2015-та, повеќе од милион мигранти влегоа во Европа. Гостопримливоста спласна, а земјите почнаа да воведуваат обесхрабрувачки (за мигрантите) политики. Сепак, тоа не го негира фактот што политичарите ќе мораат да најдат начини да ги интегрираат мигрантите што веќе се во Европа.

Се разбира, голем дел од интеграцијата се состои во наоѓање на работа за мигрантите. Многу бизниси може да се двоумат околу вработување на мигрант, имајќи го во предвид непознавањето на локалниот јазик, формалните и културни разлики и потенцијалната траума од воената зона. Ама бизнисот не е глупав и не ја превидува онаа другата страна т.е. предностите што може да произлезат од склучување работен однос со мигранти. Сé се чини дека мејнстрим бизнисите ќе имаат голема корист од ова ново море работници.

Флоренс Караба ги проучува мигрантите во Европа веќе 5 години. Ова се нејзините заклучоци:

1. Самоиницијатива им е јака страна
Работодавачите бараат луѓе кои ќе ги сработат задачите, луѓе кои ќе покажат самоиницијатива, фокус и одлучност. Мигрантите се она што економистите го нарекуваат „самоизбрана група“. Тие се подготвени на напуштање на познати средини и заминување во нови бизнис походи (ја напуштија татковината и појдоа на тежок и опасен пат за да стигнат до Европа).

Се чини дека некои од нив, Сиријците на пример, не го прават тоа од храброст и „самоиницијатива“, туку дека се приморани. Но, факт е дека мнозинството останува во Сирија, или заминува во бегалските кампови во близината. Да, Европа отвара можности, но постојат и еден куп пречки што ја отежнуваат миграцијата.

Очекувањата се дека некој што преживеал тешко патување со цел да си го подобри животот, ќе биде екстра-мотивиран да работи напорно. А податоците го потврдуваат тоа.

Здружениот извештај на Интернационалната организација за труд, Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и Светска банка, заклучува дека на мигрантите им оди прилично добро од економски аспект. Тие плаќаат повеќе даноци и социјално осигурување отколку што добиваат. Се проценува дека крајниот фискален ефект по бруто домашниот производ е позитивен: 0.8% во Франција, 1% во Германија и 0.7% во Велика Британија.

2. Млади се и едуцирани
Еден од најголемите предизвици во „старата“ Европа е да се најде млад квалификуван кадар. Еден шведски извештај сугерира дека повеќе од една-третина од Сиријците што пристигнуваат во Шведска имаат завршено колеџ. Претходно, статистиките на OECD покажуваат уште повисоки бројки во Британија, каде повеќе од 45% од имигрантите имаат диплома. Да, ова се должи на тоа што мнозинството мигранти во Британија се дојдени да учат или да работат, отколку да му се приклучат на семејството или да избегаат од конфликтни зони, но и овие другиве носат квалифициран кадар.

Нивото на едукација исто така е веројатно да порасне, во иднина. Од 2000-та па наваму, пропорцијата на мигранти постари од 15 години, со завршен трет степен на образование, е порасната за 70% во OECD земјите.

Во многу индустрии ќе има недостаток од квалификуван кадар, со оглед на тоа дека наталитетот на континентот опаѓа. Мигрантите можат да ги пополнат овие празнини, ако компаниите им помогнат да се адаптираат. И во минатото се покажа дека мигранти успешно ги „закрпуваат“ дупките во сфери како здравството, науката и технологијата, но и во сферата на работни места кои се неатрактивни за локалните Европјани, заради долгото работно време и ниските плати.

3. Мигрантите можат да донесат нови муштерии
Еве само еден пример: Со 50 милиони Муслимани во Европа, „халал“ храната е одлична можност. Во 2010-та, Европскиот пазар беше проценет на 67 милијарди долари. Во Британија, „халал“ месото придонесува со 15% од пазарот, а во Франција со повеќе и од органската храна. Компаниите можат дополнително да ја искористат оваа можност, вработувајќи луѓе со кредибилитет и познавање на „дозволената“ (според исламот) храна. Многу од мигрантите го имаат тој кредибилитет.

4. Мигрантите ги разбираат интернационалните пазари
Прераснувањето на глобално ниво е тешка задача и многу од компаниите не успеваат да остварат солиден профит. Еден од клучните предизвици е разбирањето на овие нови пазари. Мигрантите можат да бидат „мостот“ помеѓу домашниот пазар и пазарот во нивната домашна земја – уникатна позиција во работната сила.

Една неодамнешна статија во Харвард Бизнис Ривју покажува дека компаниите што остваруваат успех во интернационалниот раст, обично имаат глобален етнички диверзитет во извршното раководство. Извршниот директор или основачот, често се странци. Пример е Myriad Trading, компанија која произведува производи за компании како Валмарт. Производството е лоцирано во Кина, Пакистан и Бангладеш, каде нештата функционираат различно отколку во САД. Компанијата има вработено неколку постари менаџери, а секој од нив е со познавање на американските начини на работење, но и на начините на работење во земјите во кои се одвива производството. Ова помага да се избегнат потенцијалните недоразбирања и конфликти.

Европа ќе остане атрактивна дестинација за мигрантите и во иднина. Бизнисите можат да профитираат од ваквата можност, доколку направат напори за надминување на јазичните бариери.

- Реклама -