Иако се интимно поврзани конкретно со секси-долната облека “Викторија сикрет” денес продавачите продаваат широк избор на женска облека и модни додатоци од бројните и бесконечните варијации на колекциите. Брендот “Викторија сикрет” има во оптек 1.003 продавници и секоја година испраќа 400 милиони примероци од својот познат каталог по пошта. Во 2006 година продажбите достигнаа до цифра од пет милијарди долари. Денес овој бренд ги има најдобрите и најзгодни “ангели “ како свои модели.
Основачот на фирмата скокна од мостот “Голден гејт”. Изморен од понижувањата повразни со неговите обиди да купи долна облека Рој Рејмонд ја создава компанијата “Викторија сикрет” во 1977 година поставувајќи ја првата продавница во трговскиот центар “Стендфорд” во Пало Алто, Калифорнија. Откако ќе отвори уште неколку продавници и ќе го промовира каталогот за нарачки по пошта, Рејмонд ќе ја продаде компанијата на “Лимитид Брендс” во 1982 година за поголема сума. До 1993 година “Лимитид Брендс” направи национално препознатлив бренд од “Викторија сикрет” а последниот деловен потфат на Рејмонд завршува со банкрот. Последен пат ќе биде виден како чекори кон мостот Голден Гејт и набрзо потоа неговото тело ќе биде најдено исфрлено на брегот на околината Марин. Инспекторите заклучиле дека извршил самоубиство.
Овој бренд носи име на позната жена. Која е всушност Викторија? Откако првите продавници беа уредени во стилот на викторијанските бордели, името на брендот се поврзува со англиската владетелка од 19 век кралицата Викторија.Таа и нејзиниот сопруг принцот Алберт доволно пати ја играле играта “скриј го железото” донесувајќи на свет девет деца пред неговата неочекувана смрт во 1961 година, која ја фрла кралицата во длабока жал.
Денешната мода опфаќа корсет, сексапилно парче облека кое ги милувало женските облини над и под половината. Тогаш која била тајната на кралицата? Дали била кралска нимфоманка? Сакала брзи “милувања” додека се вози со кочијата низ градот? Дали поранешната кралица многу сакала да се забавува во младоста, дали го привлекувала безмилосно принцот Алберт во нејзините многу секси шифонски пластови од облека, никогаш нема да дознаеме.
Можеби затоа и е ТАЈНА.