Неколку нешта што само девојчињата со постар брат ги знаат

Многу сте пропатиле заради него, ама секогаш ќе ви биде херој.

 

1. Ќе ги помине првите 5 години од вашиот живот трудејќи се да ве убие
Родителите ќе мислат дека е слатко тоа што тој ќе ги нареди сите негови играчки на вашиот кревет, наводно сакајќи да ги подели. А всушност, ќе проба да ве затрупа и задуши со нив.

2. Ќе ги поминете следните десет години обидувајќи се да се убиете меѓусебно
Секој предмет во куќата одеднаш станува смртоносно оружје. И двајцата ќе ја завршите војната со лузни, а можеме само да се надеваме дека нема да има посериозна и подолготрајна штета.

3. Врискањето не помага
Кога сте во ситуација да врескате, значи дека тој е сигурен дека никој нема да ве чуе. Чувајте ја силата и одмазадата за подоцна, кога ќе се вратат вашите родители. Сигурно дека тие ќе одберат да и веруваат на својата мала принцеза наместо на воинствениот постар син, па дури и ако малку ја зачините приказната.

4. Ќе ви го најде дневникот
Ако налета на вашиот дневник, сигурно е дека ќе го украде и прочита, а потоа ќе ги сподели вашите тајни буквално со секој што ќе го сретне. Уште пострашно е што цел живот ќе ве задева околу некои пикантерии од вашите мисли. Решение: Најдете добро место за криење. Алтернатива: Вие први најдете го неговиот дневник или спремете некоја негова тајна во ракавот.

5. Колку и да се брутални, секогаш ќе сакате да се придружите на неговите игри
Играњето со кукли е супер, ама од некоја чудна причина, повеќе се забавувате кога сте боксерска вреќа за вашиот батко, кој радо ќе ве искористи за да подизвежба неколку потези од боречките вештини што ги гледал во филмовите. Фластерите и модриците секојдневно ќе се множат, ама вие и понатаму ќе го следите и ќе го молите да ве пушти да играте со него.

6. Порано или подоцна, ќе се затрескате во некој од неговите другари
Професионален совет: Не му кажувајте!

7. Ќе ви ги подари играчките што не ги сака
Од време на време, тој ќе ја подрасчисти својата соба. НИшто чудно ако во тие моменти реши да ви ги подари сите негови играчки што цел живот му ги барате, а сега му здосадиле. И додека уште не сте се созеле од радост, тој ќе дојде да си ги земе назад, со изговор дека ви ги дал само на заем. Е тоа е…

8. Дома ќе ви биде мачител, но надвор…
Се разбира, во школо ќе ве игнорира и избегнува и на другарите ќе им кажува колку сте досадна и колку не може да ве смисли. Но, ако случајно се најдете во неволја, едноставно знаете дека постариот брат ќе долета од никаде, побрзо и од Супермен.

9. Пубертет
Гласот ќе му се расипе и ќе почнат да му растат мустаќи и брада, а вас ќе ви биде смешно. Се додека не се затвори во соба и не излезе по пет години, со својата нова девојка.

10. Максимално ќе ви влијае врз изборот на музика
Вашиот постар брат е единствената причина што вие како 9-годишно девојче сте засакале хеви-метал или сте слушале САФ.

11. Бељите ги криете до гроб
Родителите ве оставија и го најначија него за главен. А вие имате заеднички договор да правите журка. Се е супер, се забавувате, ама расположените гости ви ја оставаат вратата од тоалетот – скршена. Заедничката приказна што ќе ја смислите важи за до смрт.

12. Учете од неговите грешки
Само набљудувајте го и ќе научите како да избегнувате неволји, за разлика од него.

13. Прво пијанство
Во желба да бидете дел од неговото друштво и да докажете дека сте доволно кул, кога-тогаш ќе ви биде понудено да пробате алкохол. Неизбежно е, следното утро ќе се рабудите со силен мамурлук.

14. Никој никогаш нема да биде покул од вашиот постар брат

Едноставно, тој е вашиот идол број 1.

- Реклама -