Неколку начини да се изборите со прерана ејакулација

„Предвремената ејакулација е проблем со кој секој маж се соочува во одреден период од животот“, вели д-р. Томас Волш, уролог од Универзитетот во Вашингтон. Се случува, ама не мора.

 

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

Според Волш, оваа идеја се темели на можноста да ја регулирате неврофизиологијата и начинот на кој вашето тело реагира на физички сензации. Постојат многу различни видови на овој метод, еден од најчестите при лечењето на предвремената ејакулација е да се доведете себе до границата на доживувањето на оргазам и да ги запрете сите сексуални и активности на самозадоволување и да се обидете да го исконтролирате своето возбудување. Оваа техника е позната и како „тестирање на границите“, а може да ви помогне да го истренирате мозокот и телото за полесна контрола на вашата желба за оргазам.

 

СТИСОК

Кога чувствувате дека се ближи кулминацијата, престанете со односот и притиснете го пределот под главата на пенисот. Благо притиснете ја оваа област со палецот и показалецот, фокусирајќи се на уретрата. Оваа техника ја истиснува крвта од половиот орган и привремено ја намалува сексуалната возбуденост, со што се потиснува и ејакулацијата.

 

ДАМИТЕ ПРВИ

Кога е задоволена вашата партнерка (со прсти, орално или со сексуално помагало) и сте свесни дека уживала и доживеала оргазам, ќе се ослободите од притисокот кој го чувствувате. Така полесно и безгрижно ќе дојдете до долгоочекуваниот врв.

 

ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА

Д-р. Волш објаснвуа дека постојат спрејови – локални анестетици, кои се нанесуваат на пенисот, го намалуваат задоволството и ги држат „нештата под контрола“. Ако правилно се користат, може да се прилагоди точната количина, со што благо ќе се намали задоволството, а истата нема да се пренесе на партнерката.

 

ТОЧНА ГОЛЕМИНА НА КОНДОМОТ

Постојат кондоми кои се наменети токму за одолговлекување на задоволството, па набавувањето на такви кондоми може да се покаже како најдоброто решение.

 

ПИЛУЛИ

Многу од мажите користат пилули за да ја одржат ерекцијата, но постојат и лекови кои можат да помогнат за подолг однос. Секако, пред да почнете со употреба на било какви лекови, треба да се консултирате со доктор, а особено овие, бидејќи ваквите медикаменти можат да предизвикаат одредени нуспојави, како промени во расположението и други.

 

Ако и покрај се, се уште имате проблеми со прерана ејакулација, консултацијата со доктор е најдоброто решение. Тој стручно и адекватно ќе ви помогне да го надминете проблемот.

- Реклама -