Секој од нас има различни цели во животот, но колку и да се конкретни и разнолики, зад нив веројатно се крие еден поапстрактен стремеж – да се биде среќен. А во морето од поуки како да се стигне до среќата, има еден куп митови.
Среќата е генетска
Вистина е дека некои луѓе имаат предиспозиции да бидат среќни, но, како и во повеќето случаи, гените имаат само половична улога – другата половина се состои од тоа самите себе да се научите да бидете среќни и позитивни.
Успехот во кариерата ќе ве направи среќни
Дури ни тоа не е гаранција за среќа. Можете цел живот да нижете успеси, а нивото на среќа да ви остане исто.
Среќата не се купува
Според истражувањата, трошењето на парите на нови искуства и нешта, навистина ве прави посреќни. На пример: купување на нови чевли, цвеќе за мајка ви, излегувањето со пријателите, донации во добротворни цели итн.
Среќните луѓе се или глупави или наивни
Ирационалниот оптимизам не е идеален, ама, ако сте среќни и реални, ќе имате огромна корист. Докажано е дека среќата ја зголемува креативноста, способноста за решавање на проблеми, како и резултатите на тестовите за интелигенција.
Кога ќе ја достигнете целта, ќе бидете среќни
Вистината е дека ќе бидете малку посреќни, не и среќни. Штом достигнете една цел, мозокот автоматски почнува да трага по нова.
Среќата значи дека никогаш не сте негативни
Нема потреба постојано да гледате на светот низ розеви очила за да бидете среќни. Тоа е всушност и штетно. Ако ги негирате негативните нешта во животот, вашата потсвест ќе трпи и ќе бидете под постојан стрес.
Среќата е начин на размислување
Кога не ви одело најдобро, веројатно некој ви рекол дека се што треба да направите е да одлучите да бидете среќни. Сеедно, се додека не го смените однесувањето, таа одлука нема трае долго.