Неколку килограми вишок не штетат

Речиси никој нема да замери доколку мажот има неколку килограми повеќе, но кога подобрата половина е во прашање, на нив им се брои секој грам.

Имено, женските разговори за вишокот килограми и начинот на решавање на овој проблем може лошо да влијае на социјалниот статус и популарноста на жената.

За да би биле работите уште посериозни, витките дами кои постојано го истакнуваат нивното незадоволство со изгледот се помалку популарни од полничките дами кои едноставно не сакаат да зборуваат за проблемот со килограмите.

W

Истражувањето кое е спроведено на универзитетот „Нотр Дам“ а кое ги опфатило девојките на возраст од 18 – 25 години, се базирало на давање позитивни или негативни оцени, односно според реакциите на девојките на фотографиите кои им се покажани после меѓусебното дружење.

Жените кои имале вишок килограми, но не зборувале за овој проблем, добивале значително поголеми оценки за симпатичност и пристапност одошто девојките кои објективно изгледале подобро, но постојано се жалеле.

- Реклама -