Неколку интересни факти за храната

david_sykesСекојдневно во медиумите можат да се најдат разни совети за исхраната, некои нови информации, диети и слично. Сепак, уште многу нешта околу тоа остануваат неоткриени. Ви пренесуваме неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле.


baloniСекојдневно во медиумите можат да се најдат разни совети за исхраната, некои нови информации, диети и слично. Сепак, уште многу нешта околу тоа остануваат неоткриени. Ви пренесуваме неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле.

-Лимоните содржат повеќе шеќер од јагодите.

-Лукот го добил името според латинскиот израз кој значи голем бисер.

-Половина од светската популација конзумира најмногу ориз.

-Во текот на животот една просечна личност јаде околу 35 тони храна.

-Сладолeдот потекнува од Кина, а во Европа го донел Марко Поло.

-Во Франција се јадат 500.000.000 полжави годишно.

-Во еден литар вода за пиење се наоѓаат околу 100.000 бактерии.

-Замрзнатото овошје понекогаш е  поздраво отколку свежото, посебно ако свежото долго се чува на собна температура.

-Наводно Казанова конзумирал чоколадо пред да тргне во освојување на жените, заради нејзините афродизијачки способности.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

-Откако млекото ќе стои два часа на сончева светлост, губи помеѓу половина и две третини од вкупната количина на витаминот B.

-Доколку некој од изворите на витаминот Це го јадете со месо или грав, телото подобро ќе го искористи железото.

-Кикириките се користат во производството на динамит – со преработка на маслото од кикирики настанува глицеротлот од кој се добива нитроглицеринот, една од состојките на динамитот.

-Првата супа која некогаш била направена била од нилски коњ.

– Остатоци од фаст фуд ресторани биле пронајдени и во античките рушевини. Дури и старите Грци биле љубители на брза храна. Единствена работа која е нова е масовната продукција, стандардните менија и рецепти на фаст фуд ланците.

-Шпанија и Италија се првите земји кои ја прифатија виљушката како дел од приборот за јадење. Тоа се случило во 16 век, речиси сто години пред да почнат да ја користат Французите.

- Реклама -