Пет имиња играат во изборот на СДСМ и ДУИ за консензуален претседателски кандидат, открива премиерот Зоран Заев по средбата со коалициониот партнер Али Ахмети во Клубот на пратениците.
Заев вели дека на средбата воопшто не дебатирале за имиња, се договориле меѓупартиските разговори да продолжат, но сепак волјата за заеднички настап на претседателски избори останува.
Ниту Заев ниту Ахмети не се дел од овие имиња бидејќи немаат амбиција да бидат претседатели на државата.
Заев е дециден дека професорката Гордана Силјановска не одговара на профилот на кандидат за претседател.