Замрзнете ги нивните житарки, ставете труба зад вратата, дадете го лажното писмо за данок на Вашата сакан/а.
Оживејте го овој ден на шегата со овие одлични идеи кои целосно ќе ги збунат оние за кои се наменети, а во некои случаи, ќе ги исплашат. Сето тое е во знак на шегата и смеата. Само внимавајте да не ви вратат со поголема беља.
Нешто не е во ред со млекото
Исплашете ги блиските со истурање на сино млеко со прехрамбена боја.
Не се сопнувај на мене
Сокријте лажна бубачка во влечките.
Изместени фиоки
Додека тие спијат, променете ги местата на нивните фиоки.
Ве оданочиле повеќе
Испечатете лажно писмо за плаќање поголем данок за да ги исплашите родителите или сопружникот.
Ве надгледувам
Залепете топчиња очи кои се вртат на предмети во домот.
Обоени заби
На нивната четка за заби ставете капка од прехрамбена боја која ќе им ги обои забите.
Каде е тато?
Наполнете панталони и чевли со цел да излгеда дека Таткото седи на маса позади весникот.
Замрзнати житарки
Замрзнете ги нивните житарки и гледајте како се обидуваат да ги јадат.
Минт свежи
Наполнете колачиња со паста за заби.
Глушец што неработи
Ставете белешка на која пишува „Априли-ли-ли“ под глушецот. Додека се мачат да проработи, ќе го свртат и ќе ја видат белешката со порака за шегата.
Цевка која не функционира
Направете дупчиња на нивната цевка и нека пробаат да се напијат од неа.
Чекај го својот ред
Ставете ги омилените плишани животни во ред за чекање во тоалетот.
Скриена труба
Иако е груба шега, ќе биде смешно утро.