Спортот е религија, некои сурфаат пред работа, а други трчаат на пауза. Викендите се предвидени за плажа, кампување или скара во двор.
Според извештаите за најсреќни земји во светот Австралија секогаш се наоѓа во топ 10.
Зошто оваа земја е толку атрактивна и многу луѓе од целиот свет, а и Македонија, одлучуваат да се преселат таму?
Покрај кенгурите, Крис Хемсворт и Хју Џекман, што друго знаете за оваа земја?
Факти за Австралија:
Пријателски се настроени кон туристите. Кај нив нема национализам. Сте се фини и подготвени да помогнат. На моменти сакаат црн хумор, но немаат практика константно да зборуваат што не чини во животот.
По улиците ќе ве дочекаат насмевки, поздрави, мултикултурализам, нема конфликти и негативна енергија.
Изнајмувањето на недвижнини е навистина скапо, особено во Сиднеј, но комплексите се убаво организирани и ако ви е потребен водоводџија тој ќе пристигне кај вас за 10 минути. Дури и да не сте дома работата ќе биде завршена, а вашиот дом безбеден.
Има три вида јавен превоз низ градовите и тоа возови, автобуси и воден транспорт, цената е иста за сите типови и се пресметува според зони.
Продавниците затвораат рано и тоа околу 18 часот, додека некои големи супермаркети работат до 23 часот. Во четвртоците сè работи до доцна навечер за луѓето да можат да купат што им е потребно за викендот и во петок веќе да почнат да се релаксираат, а викендот да го минат на плажа или во двор со скара со семејството.
Главната преокупација на Австралијците за време на викендите е да влезат во автомобилите или комбињата и да појдат некаде на кампување, пливање и прошетка, бидејќи целата држава има прекрасна природа и изгледа како национален парк.
Има голема социјална заштита и граѓаните што не работат добиваат помош од државата и може да се издржуваат од неа.
Нема преголема контрола кој кога доаѓа и си оди од работа, но истовремено тие работат навистина многу посветено и им се суди според резултатите од работата. Aко сакате неколку пати во месецот можете да останете да работите од дома.
Луѓето гледаат позитивно на својата иднина, знаат дека можат да си го дозволат тоа што го сакаат и секогаш прават добар баланс помеѓу работата и приватниот живот. Позитивна страна е што можете да заработите многу пари со секоја професија, но негативна е што трошоците за живот се големи.