Неколку факти за генијалниот мозок на Ајнштајн

На денешен ден пред 60 години почина Алберт Ајнштајн – еден од најголемите генијалци и физичари, најпознат по неговата прочуена Е=mc2.

Починал во болницата Принстон во Њу Џерси, а оттогаш започнува и немирното патување на неговиот мозок. Прво во подрум, па во винска ќеса, па на дисекција, за потоа да се врати (делумно) во болницата каде што бил изваден од главата на починатиот Ајнштајн.

Еве неколку интересни факти за мозокот на генијалецот:

1. Бил изваден од неговото тело за време на аутопсијата, само неколку часа по неговата смрт. Сето ова се одвивало без одобрение и против волјата на неговото најблиско семејство.

2. Мозокот бил земен од патологот Томас Харви, кој го чувал во својот подрум, смкестен во алуминиумска ќеса, во ладилникот за пиво.

3. …Исто така, Харви го чувал исечен на 240 блокови, кои подоцна биле дисецирани во 1000 парчиња.

4. Сепак, на крајот, Харви добил согласност и дозвола од семејството на Ајнштајн да го истражува мозокот за научни цели. Испратил доста парчиња од мозокот до други научници низ светот.

10402043-lobes-of-the-brain[1]

5. Научниците се согласуваат дека мозокот на Ајнштајн бил специјален. Но, не можат да се сложат околу тоа зошто е специјален.

Теорија 1: Ајнштајн имал подебели врски меѓу левата и десната хемисфера (во делот наречен corpus callosum), за разлика од останатиот човечки род.

Теорија 2: На неговиот мозок му недостасувал делот наречен „Силвијанска фисура“. Тоа е делот што го одделува фронталниот дел на мозокот – кој го контролира носењето на одлуки, решавањето на проблеми и емоциите, од темпоралниот дел на мозокот – кој ја регулира меморијата, јазикот и учењето.

Теорија 3: Мозокот на Ајнштајн бил полесен, но долниот париетален дел, кој ги контролира математичките операции, е за 15% поголем.

6. Исто така, научниците заклучиле дека неговиот мозок дегенерирал помалку од очекуваното за еден 76-годишник.

7. После сé, Харви го донирал остатокот од мозокот на болницата Принстон, каде што починал Ајнштајн.

- Реклама -