Неколку добри муабети на Дејвид Боуви

Светот изгуби уште еден голем музичар. Откако на крајот на 2015 година овој свет го напушти легендарниот Леми Килмистер, на почетокот 2016 ни одзеде уште музичка легенда и тоа, само два дена откако напишавме дека Дејвид Боуви “растура и на 69” кога го издаде својот последен албум.

1441139584-bowie-620x350

Како последен поздрав потсетуваме на 10 цитати од музичарот:

1. “Направив над 25 студиски албуми и мислам дека меѓу нив има два навистина ужасни, неколку не толку лоши и неколку навистина добри. Горд сум на сработеното. Всушност, беше добро патување”

2. “Она што ми се допаѓа во мојата музика, е тоа што успева да ги разбуди духовите кај мене. Не демоните, туку духовите”

3. “Пред многу години морав да си признаам дека не сум многу добар кога бараат од мене да објаснам како се чувствувам. Музиката го прави тоа наместо мене, навистина е така”

4. “Секогаш ме чуди кога луѓето ги сфаќаат сериозно работите што ги кажувам. Дури и самиот не се сфаќам сериозно”

5. “Секогаш сум имал избезумена потреба да бидам нешто друго, поразлично од човекот”

mkd-237165-700x389

6. “Верувам дека можам да го извлечам најдоброто од туѓиот талент”

7. “Сакав да ја докажам моќната сила на музиката”

8. “Чудно е што има песни кои воопшто не сакаш да ги напишеш”

9. “Славата може да донесе многу интересни луѓе и да бомбардира со просечност”

10. “Кога ќе размислам, Адолф Хитлер бил првата поп ѕвезда”

- Реклама -