Некој по шорцеви, некој по гаќи, ама претседателката ги изгушка Хрватите (видео)

Радоста на Хрватите, откако Ракитиќ го закова решавачкиот гол во пенал рулетот против Данска, не ја одмина ни хрватската претседателка – Колинда Грабар Китаровиќ.

Веднаш по крајот на натпреварот, и пласманот во 1/4 финалето,  таа се симнала од ложата во соблекувалната на фудбалерите за да им честита.

Како што ќе видите од видеото, додека Колинда му честиташе на селекторот Златко Делиќ, хрватските репрезентативци беа прилично опуштени, веројатно бидејќи ни на крај памет не им беше дека претседателката ќе почне да ги гушка такви испотени (по 120 минути игра + пенали) и полуголи, кој по шорцеви, кој само по гаќи. Ама ете, се израдувала жената (иако во хрватската јавност спорат дали можеби реакцијата ѝ била непристојна).

виа Спорт Клуб

- Реклама -