Некој мистериозно им ја шиша косата на Индијките

Повеќе од 50 жени на северот на Индија имаат пријавено дека некој им ја отсекол косата откако паднале во бесознание. Полицијата вложува напори да ја реши мистеријата, која веќе предизвика прилично голема загриженост.

Една од Индијките која исто така го има пријавено инцидентот – 53-годишната Сунита Деви од сојузната држава Харијана, вели дека е истрауматизирана од „нападот“, пренесува BBC. Сунита вели дека во петокот завршила во несвест – после многу силен „блесок на светлина“, а дека час подоцна забележала дека ѝ е отсечена косата.

„Не можам да спијам, ниту на нешто да се фокусирам. Читав за такви инциденти кои се случуваат во Раџастан, ама никогаш не помислив дека може и мене да ми се случи“, вели Деви.

Приказните за „фантомските бербери“ се појавија на почетокот на јули токму во Раџастан, но сега слични инциденти се пријавени и во Харијана, а дури и во главниот град, Њу Делхи.

Имаме пар теории зошто се случува ова. Едната е дека некои си вонземјани прават некаков си експеримент во кој им е потребна човечка коса, па ова го одбрале како најдобар метод. Другата теорија, прилично поверојатна, е дека исечената коса сега ја носи некоја Европејка во вид на надградба за едно 200-300 евра.

- Реклама -