Некогаш слугинка – денес славна убавица

Иако денес луѓето ја препознаваат како сопруга на Метју МекКонахи, Камила Алвес поминала тежок пат растејќи во туѓа земја.

Кога Камила стигнала во Америка, имала 19 години и не знаела ниту еден збор на англиски јазик. Работела како слугинка.

Camila+Alves+Matthew+McConaughey+Camila+Alves+_ffBBMt7Ft5l

„Доаѓам од сиромашно семејство, така што не можев да му кажам на татко ми да ми ги плати сметките. Морав сама да заработувам. Татко ми постојано ми велеше дека пред да станам кралица треба да научам да управувам со сопствено царство. Работев како собарка, а потоа најдов работа во ресторан“, раскажала Камила во американското шоу „The Wiev“.

1346087064_mcconaughey-467

Таа денес е сопруга на актерот Метју МекКонахи со кој има три деца. Двојката се запознала во 2007 година во холивудскиот клуб Hyde.

„Разговаравме на шанк и тогаш немав поим кој е тој. Имаше голема брада и голем шешир“, открила. Нивната романса брзо се развивала, но дури лани се венчаа.

Camila Alves And The Kids Pick Up A Puppy

Камила денес е едно од најпознатите лица во Холивуд и работи како модел.

Некогаш бајките се остваруваат!

- Реклама -