Трговскиот центар „Rendal park mall“ бил изграден во далечната 1976 година во Охајо. Во тоа време бил најголемиот трговски центар на светот. Сепак, рецесијата го довела до затворање неколку децении подоцна, а за 15 години од самото затворање ќе биде и целосно срушен.
Внатрешноста на трговскиот центар е мошне интересна за фотографите поради нејзиниот пост-апокаилптичен изглед. Некогашниот симбол на американското потрошувако општество денес изгледа бизарно и непрепознатливо.
Во него можат да се видат скршени стакла на излозите, расипани ескалатори, искршен мебел, повеќедецениска прашина и секаков отпад.
Некогаш во трговскиот центар работеле дури 5000 луѓе и претставувал главно место за изегување во бројните кафулиња, клубови и кино сали.
Сега веќе старата кино сала и штандовите за брза храна се целосно неупотребливи и уништени. Интересно е само да се замисли дека некогаш во минатото ова место „вриело“ од посетители.