Џенис Дикинсон во 70-те години беше најплатената манекенка во светот.
Целиот свет ја запозна откако ја освои титулата прв светски супер-модел и оттогаш таа беше присутна насекаде.
Сепак, Џенис никако да се помири со фатот дека 70-те години се далеку зад неа и не престанува да ги користи услугите на пластичната хирургија.
Таа направи затегнување на лицето, очните капаци, силиконски гради, затегнување на стомакот и слично. Џенис пред две години дури и успеа да банкротира поради пластичната хирургија.
Нејзините фанови велат дека постигнува спротивен ефект со хирургијата и време е достоинствено да ја дочека староста.