Нејзините „глобуси“ ги засенија „златните“

Освен добитниците, ѕвезда на вечерта на „Златните глобуси“ беше и славната пејачка Џенифер Лопез, која го плени вниманието со фантастичниот изглед.

На 72. доделување на наградите „Златен глобус“, освен добитниците, вниманието го привлече деколтето на Џеј Ло. Истото мислење дефинитивно го дели неодамна слободниот актер Џереми Ренер, кој со пејачката во пар ги најавуваше номинираните во категоријата најдобар актер во ТВ мистерија или ТВ филмови. Ренер се разведе со својата сопруга Сони Пачеко по само 10 месеци брак.

„ Сакаш јас да го отворам ковертот, имам нокти“, го праша Џенифер својот колега, а тој и одговори: „Да имаш и глобуси!“. Овој коментар ја насмеа славната пејачка, но сепак остана смирена кога ја објави наградата.

Џен го привлече вниманието во фустан од дизајнерот Зухар Мурад, а на сите им се фати за око нејзиното импресивно деколте.

„Го сакам. Тој ми е еден од омилените дизајнери“, раскажа пејачката.

- Реклама -