Новата бразилска ѕвезда, Нејмар го освои признанието за најдобар играч на Купот на Конфедерациите.
Новото засилување на Барселона, Нејмар блескаше на Купот на Конфедерациите, постигна четири голови и имаше големо влијание во играта на Бразил со што заслужено дојде до наградата за најдобар фудбалер.
Нејмар наградата ја освои пред Иниеста и Паулињо.
Златната Копачка за најдобар стрелец му припадна на Торес кој постигна пет погодоци, исто толку имаше и Фред од Бразил но помал број на асистенции, Нејмар со четири гола ја доби бронзената копачка.
Наградата за најдобар голман му припадна на Жулио Цезар.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал