Нехамер за членството во НАТО: Австрија беше и ќе остане неутрална

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека ќе продолжи да работи на тоа Австрија да ја задржи неутралноста, прашан за евентуалното членство во НАТО во контекст на рускиот напад врз Украина.

„Австрија беше неутрална, таа е неутрална и таква ќе остане. Неутралноста е важна“, изјави Нехамер за време на неговата посета на Катар, додавајќи дека прашањето го смета за затворено.

Инвазијата на Русија на Украина, на која австриското општество остро се спротивставува, натера дел од австриските политичари и медиуми да размислуваат во насока дали земјата треба да влезе во НАТО.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -