Неговите потајни сексуални желби, претворете ги во реалност

Монотонија. Еден од најчестите проблеми во врските, особено оние подолгите. Епа драги девојки, имаме новост. Вие можете да го измените тоа. Верувале или не, зачинувањето на вашиот сексуален живот, е промена која би можела да смени многу работи во односот помеѓу вас и вашиот партнер. Доколку немате идеи, ние ви нудиме неколку совети кои со сигурност ќе донесат освежување во вашата врска и ќе го направат вашиот партнер среќен.

Секси облека

by_mah0ne-Candice_Swanepoel_Victorias_Secret_Halloween_Lin

Изненадете го со нова секси долна облека, или уште подобро, маскирајте се во докторка, наставничка, затвореничка или нешто слично што знаете дека би го излудело. Секако, доколку се одлучите за оваа, втората опција, неизбежно следува и однапред смислено сценарио соодветно на маската. Не се сомневајте дека вашиот партнер со задоволство ќе ви се придружи во играта.

Покажете дека сте добра во кујната

kitchen

Се разбира, не мислиме на вашите кулинарски способности. Во кујната можат да се сервираат уште многу други работи, на пример вие самите, декорирани со шлаг, чоколадо, јагоди, или пак нешто по ваш избор. Ве уверуваме дека за вашиот дечко тоа би претставувало најубавиот десерт кој некогаш го вкусил.

Изненадување во бањата

534066cb87df8c07d70cd7e17e871f95_large

Наполнете ја кадата, додадете пенлива купка, украсете со листови од рози, свеќи, миризливи стапчиња и надоплнете ја целата атмосфера со стар џез. Истото сценарио можете да му го приготвите и во туш-кабината, кога неочекувано ќе му се придружите. Верувајте, и мажите ги возбудува романтика.

Во јавна средина

love-in-car

Посетете го на неговото работно место, одведете го на ноќна прошетка на плажа, или пак седнете на задното седиште од автомобилот. Шепнете му два-три “валкани” зборови и оставете играта да започне. Направете го тоа на места кои се јавни, но сепак веројатноста дека некој би ве забележал е минимална. Ваквиот ризик ќе ви го подигне адреналинот, а новоста од необичната околина изненадувачки ќе го раздвижи неговото, а и вашето либидо.

Зборувајте „валкано“

HBruONOS_Pxgen_r_Ax541

Чувствувајте се слободно да го збогатите сексуалниот чин со непристојни зборови и валкан разговор. Не се плашете дека ќе звучите глупаво и неморално, баш напротив, молкот е тој кој ја убива страста. Кажете му што сакате да ви прави, без одбирање на зборови. Бидете перверзна, бидејќи креветот е вистинското место за тоа, каде нема .Девојки, се надеваме дека со советите погоре успеавме да ја разбудиме вашата имагинација и дека пронајдовте нешто што успеа да ве поттикне.

beachbeautifulcouplelovepassiontogether-9fd42706e98913ee37

 

Постојат уште милион други креативни начини пријатно да го изненадите вашиот партнер. Потребна е само малку фантазија. Запомнете, сексот е чин во кој нема правила. Препуштете се на вашите животински инстинкти и не се срамете да ги искажете вашите желби. Воедно, тука нема простор за себичност, односно секогаш настојувајте да ги исполните и желбите на вашиот партнер. Најчесто тие се взаемни. За крај запоменете, сексот треба да претставува заедничко задоволство.

- Реклама -