Негативци кои требало да се појават само еднаш

Кога се негативци во прашање отсекогаш важело правилото „опстанок на најсилните“. Понекогаш негативец кој бил наменет како нов Голем Лош станува Малку Непријатен. Но понекогаш  негативец кој бил планиран да се појави само еднаш станува најголемиот непријателна херојот.

5. Црвениот Череп

Иако Црвениот Череп е еден од првите и најпознати непријатели на Капетан Америка тој бил планиран за само едно појавување. Но со растот на бројот на фанови ликот бил вратен во приказната. Поновите изданија откриле дека првиот Црвен Череп бил мамка и го претставиле вистинскиот негативец, Јохан Шмит.

4. Шредер

Многу фанови на Teenage Mutant Ninja Turtles цртаните најверојатно не можат да ја замислат серијата без Шредер како негативец. Но во оригиналните стрипови тој не опстојал долго. Шредер бил убиен рано во приказната но се вратил како клон. Тој станал главниот антагонист дури во анимираната серија.

3. Боба Фет

Боба Фет бил негативец во оригиналната Star Wars трилогија, иако имал само кусо појавување. Но, овој лаконски ловец на награди станал толку популарен што Џорџ Лукас дури и создаде приказна за неговото потекло во новата трилогија. Лукас рекол дека ако знаел дека Фет ќе биде толку популарен ќе напишел поинтересна смрт за него.

Иако никогаш не станал главен негативец, популарноста на Боба Фет го претворила во постојан лик во книгите, стриповите и видео игрите сместени во Star Wars универзумот, вклучувајќи и неколку приказни во кои тој преживувава во Сарлакот, повеќе од еднаш.

2. Бенџамин Лајнус

Оригинално Мајкл Емерсон требало да се појави во само три епизоди од втората сезона на Изгубени. Ако се поминело според планот, Хенри Гејл ќе исчезнел по неговото бегство. Но на продуцентите им се допаднала изведбата на Емерсон што решиле да го вработат постојано. Со текот на времето Емерсон станал клучен лик – енигматичниот негативец познат како Бенџамин Лајнус.

1. Џокер

Лудиот негативец кој ни е добро познат на сите оригинално требало да умре набрзо по неговото претставување. На крајот од второто појавување на Џокерот во второто издание на Бетмен тој требало да умре по случајно прободување со сопствениот нож. Витни Елсворт, уредник во DC Comics, мислел дека Џокер е премногу добар лик за да умре па додал уште еден панел во кој се гледа дека тој е сè уште жив.

- Реклама -