Машката и женската облека се’ повеќе стануваат едно.
Колку и нам оваа идеја да ни звучи невкусно и уште помалку секси, модната индустрија очигледно на големо се обидува да ја наметне оваа идеја.
Имено, на неделата на модата во Њујорк се појавија машки модели во кратки фустани – ролки, благодарение на дизајнерот Телфар Клеменс.
Моделите носеа фустани со должина над коленото и чорапи во соодветна боја. Телфар е познат по ексцентричните модели.
Мажи во кратки здолништа имаше и на Неделата на модата во Лондон.