Небензја го предупреди НАТО за последиците ако на Украина и се дозволат напади со ракети со долг дострел

Амбасадорот на Русија во Обединети нации Василиј Небензја пред Советот за безбедност изјави дека ако Западот и дозволи на Украина да изврши удари длабоко на руска територија, тогаш земјите од НАТО „ќе биде во директна војна со Русија“.

Тој пред Советот за безбедност на ОН истакна дека „фактите се дека НАТО ќе биде директен учесник во воените дејствија против нуклеарна сила, мислам дека не треба да заборавите на тоа и да размислувате за последиците“.

– Доколку одлуката за укинување на ограничувањата навистина биде донесена или ќе биде донесена, тоа ќе значи дека од овој момент земјите на НАТО почнуваат директна војна со Русија. Во овој случај, се разбира, ќе бидеме принудени да ги донесеме соодветните одлуки со сите последици за западните агресори нема да можат да ја избегнат одговорноста и да ја префрлат вината на Киев, посочи Небензја.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера изјави дека ако Западот и дозволи на Украина напади со ракети со долг дострел на руска територија тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“.

– Ако ова одлука биде донесена, тоа би значело директно вклучување на земјите на НАТО во војната во Украина и тоа би ја сменила природата на судирот, истакна вчера Путин.

- Реклама -