Стрес на работното место, бројни обврски во домот, здравствени проблеми, замор…Сето тоа и уште многу повеќе го промени списокот на женските желби.
Затоа асоцијација за лесна и миризлива постела – не е секогаш сексот.
Пружете и на жената да се одмори, кога е заморна и не и е до сексуално уживање.
Замислете чиста постела и ноќ исполнета со задоволство. Кога ја замислувате таа сцена, што ви паѓа на ум – спиење или секс? Ако сте жена и вашиот одговор е спиење, не сте единствените. Имено, најново истражување покажува дека дури 65 проценти од жените преферираат квалитетен сон, од квалитетен секс.
Истражување на сајтот „Today“ покажува дека жените се измачени од неспиеност. Забрзаниот ритам на живот не допушта да се одморат, поради што поголем дека од нив и мечтеат за квалитетен сон. Речиси 60 проценти од жените, кои учевствувале во истражување, изјавиле дека речиси никогаш не успеваат да отспијат осум часа.
А дали е лошо тоа што на жените спиењето им е подраго понекогаш од сексот? Ако се прашуваат мажите, веројатно ќе кажат – да. Но всушност и не мора да биде лошо. Имено, како и многу други нешта во животот, и спиењето е последично врзано со сексот. Со други зборови, ако жената не е спиена, има слабо либидо и не може да биде разиграна во креветот. Но, кога е наспана сексуалната желба и е посилна, а со самото тоа и сексот подобар.
Квалитетниот сон е предуслов и на добро здравје, а експертите предупредуваат дека жените не би требале да ги игнорираат честите знаци на замор. Тоа значи дека треба да превземат се што е во нивна моќ за да си обезбедат квалитетен сон.
Тогаш ќе има и секс, кој од своја страна ќе има позитивни ефекти на организмот.