Дека изборот на песна е многу важен во создавање на музичката кариера го докажуваат и овие пејачи од регионот.
Песните кои им биле понудени не им звучеле како идни хитови, а потоа нивните колеги со истите песни ги освоиле срцата на публиката.
„BEOGRAD”
Познатата балада на Цеца првично е напишана за пејачката Весна Змијанац. Дино Мерлин таа песна ја понудил на Весна.
Но, Змијанац тогаш била бремена, па баладата ја препуштила на помладата колешка. Останатото е историја.
„ZORA JE”
Една од најпознатите песни на Неда Украден е напишана за Здравко Чолиќ, која пејачот не сакал да ја сними.
Потоа песната оди во рацете на Неда, снимена е на повеќе јазици, и во голема мера помогнала во создавањето на кариерата на славната пејачка.
„TI SI ŽELJA MOG ŽIVOTA”
Баладата која ја прослави групата „Магазин“ не била планирана за овој бенд.
Всушност, авторот на песната Тончи Хулјиќ песната ја понудил на Мирослав илиќ. Сепак, пејачот ја одбил оваа песна, која потоа припаднала на „Магазин“.
„JA NEMAM DRUGI DOM”
Големиот хит на Лепа Брена требало да му припадне на Драгана Мирковиќ.
Песната е понудена на Драгана, а таа ја одбила песната бидејќи сметала дека Брена подобро ќе ја отпее.
„KUKAVICA”
Баладата која многу пати ги има разнежнето срцата на женската популација, прво била понудена на Весна Змијанац, Ана Бекута и Мира Шковиќ, и сите три ја одбиле.
Потоа таа песна ја снимила Цеца, и песната стана огромен хит.
„BRED PIT”
Еден од најголемите летни хитови на 2011 година не е напишан за Северина Вучковиќ, Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ се познати како Аспиринци, и песната прво ја понудиле на Раде Манојловиќ.
Но, водителите на Гранд не реагирале на време, па потоа песната припаднала на Северина.