Не ви се седи дома под карантин? Медицински лица ви ја нудат својата дозвола за непречено движење, под еден услов

Како што секојдневно читате, пар земји во Европа немаат така строги мерки против епидемијата на Ковид-19 како останатите, а сепак нивниот биланс на заболени/пoчинaти не е така драстично лoш како кај некои други земји. Случајно или не, граѓаните од овие земји се одамна познати по нивната висока свест.

Македонија не е меѓу нив. Судејќи по покpeнатите обвиненија од јавните обвинителства, дури и од оние што најмалку смеат да се движат, многумина безобpaзно ги прекршуваат мерките на самоизолација. Според коментарите на друштвените мрежи, сѐ уште е голем бројот на тие кои би сакале да шетаат како нив, но сепак ги спречува тн. „полицискиот час“. На Твитер се појави интересна понуда за таквите:

Стојка Накевска, со оглед дека е медицинско лице, има дозвола за непречено движење. Истата ја нуди на некои од овие што негодуваат против полицискиот час. Сѐ што треба да направите за таа да ви излезе во пресрет е да одите наместо неа на работа и да ја замените на работното место. За возврат, таа ветува дека нема да излезе од дома сѐ до 1 мај.

На понудата на Накевска почнаа да се придружуваат и други медицински лица. Е па, бујрум јунаци.

- Реклама -